Од денеска нови цени на горивата во Македонија

Денеска не очекуваат нови цени на бензините и и дизел горивата. Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти цените по кои од вторник на полноќ ќе ги полниме резервоарите на нашите возила.

Пред две недели Регулаторната комисија за енергетика ги намали малопродажните цени на бензините за 1 денар, а на Дизелот за половина денар.

Во моментов, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,5 денари за литар а дизелот се точи за 62 денари за литар.

 Цената на барел сирова нафта се стабилизраше во петокот на светските берзи околу 78 долари, притисната од обилната понуда и сомнежите дека Организацијата на држави-извознички на нафта (OPEC) ќе го снижи производството и покрај значителниот пад на цените. 

На лондонската берза цената на барелот потона накратко на 76,76 долари, за да се стабилизра подоцна на 78,13 долари, што е плус од 62 центи во однос на затворањето од претходниот ден. Вчера го заклучи тргувањето во минус од 2,46 долари, односно 3,1 отсто.

На американската берза со барелот во петокот се тргуваше по речиси непроменета цена од 74,35 долари, откако вчера го заклучи тргувањето во минус за 2,97 долари, односно 3,9 отсто.

17.11.2014 - 09:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега