Косовски Елкос го освои Штип

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев и сопственикот на косовската компанија „Елкос груп" Рамиз Кељмеди вчера свечено го отворија новиот трговски центар, лоциран во штипската населба „Сењак".  Објектот има корисна површина од 5.500 м2 и во него се инвестирани 4 милиони евра, а бројот на нови работни места е 60.

Во трговскиот центар се нудат над 30 илјади артикли, првенствено прехранбени продукти, облека, обувки и техника за домаќинствата. 

Сопственикот на ваквата косовска групација, Рамиз Кељмеди им се обрати на штипјани:

 „Вие, граѓанитена Штип сте колеги на Елкос груп. Денеска го отвораме својот прв објект на територија на Република Македонија. Овде вложивме 4 милиони евра, од 50 кои планираме да ги инвестираме во Македонија. Кога ќе купувате носете насмевски, а на вработените им посакувам пријатна работа".

Косовската инвестиција почна да се реализира минатото лето на градежна парцела со површина од околу пет илјади метри квадратни, која беше купена во октомври 2012 година по цена од 19,7 милиони денари (320 илјади евра), од кои 15 милиони денари завршија во општинската каса. 

 

Косовскиот инвеститор најави дека во иднина планира да вложи 50 милиони евра во изградба на уште неколку трговски центри и откупни центри за зеленчук и овошје во Струмица, Тетово, Гостивар и Битола. Косовската компанија „Елкос груп" има над 20 трговски центри во Косово, и по еден во Албанија и во Црна Гора. 

16.11.2014 - 21:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега