Чоко- локум ролат
Состојки
150 г локум
150 г шеќер во прав
1 лажица путер (омекнат)
180 г бисквити
50 г путер
50 мл вода
80 г суви сливи (малку потопени во вода)
Подготовка
Во сад, ставете го локумот, шеќерот во прав и една лажица стопен маргарин.
Со раце месете се додека на добиете фина, хомогена смеса, слична на тесто.
Врз површината за сукање, наросете малку шеќер во прав и смесата од локум расукајте ја во големи на калапот за колач.
Калапот обложете го со проѕирна фолија и обложете го смесата од локум. Нежно притиснете ја смесата за локумот да ја добие саканата форма.
Во блендер, ставете ги бисквитите заедно со сувата слива. Измелете ги и додадете го путерот и водата. Блендирајте неколку минути се додека не добиете фина смеса.
Со смесата од бисквити наполнете го калапот, добро притиснете, израмнете и оставете го ролат да се олади.
Оладениот ролат од локум исечкајте го на тенки кришки и послужете го. Добар апетит!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа