Проверете кои делови на Скопје викендов ќе бидат без вода и струја

Без вода утре и задутре од 8 до 16 часот ќе останат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ од бројот 11 до 39.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа од Ф-200мм на улицата „Христо Татарчев“ број 11.

Без струја во недела од 7 до 14 часот ќе остане објектот на фабриката Алкалоид и ЈСП Скопје во населба Автокоманда.

Во понеделник без електрична енергија од 8 до 16 часот ќе останат корисниците од улицаta „Партизанска“ броевите 70 и 72, како и дел од корисниците лоцирани во близината на кулата на Горење во населбата Карпош, од 8 часот и 30 минути до 12 часот корисниците од село Чојлија како и објектите на ЕуроЛенд и Фазанерија и од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Дамаска“.

14.11.2014 - 18:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега