Матичната куќа на Тамара Тодевска се огласи за скандалот

Матичната куќа на Тамара Тодевска „Горила продукција“ се огласи и демантира каква било инволвираност во врска со нерегуларностите во гласањето на „Скопски фестивал“.

- Почитувани медиуми, фанови, колеги и соработници…Тамара Тодевска никогаш нити била и нема ни да биде дел од некакви валкани игри кои не се својствени на професијата со која се занимава. Тамара Тодевска ќе продолжи посветено да работи за својата верна публика и во оваа прилика се заблагодарува на цела македонска јавност за поддршката што и ја дава целиот изминат период до денес. Воедно ги замолуваме медиумите, да не користат имиња на кој било од наградените изведувачи, сѐ додека не се случи нивно обелоденување од страна на институциите кои ја вршат истрагата, зашто веруваме во нивната желба секогаш да бидат на страната на вистината и да се утврди за кого биле наменети истите СМС пораки.

Тамара, како и досега, ќе продолжи со својата максимална посветеност, да работи на својата музичка кариера, за која во последните години вие сте ѝ најголемата поддршказа подемот којшто го има. Тамара им се заблагодарува на сите свои фанови за гласовите кои ѝ ги доделија на „Скопскиот фестивал 2014“, со ветување, дека токму тие ќе бидат вреднувани во нејзините идни проекти.

Да не дозволиме, да бидеме на палубата на нечиј „Брод што тоне“, зашто македонската музика не го заслужила тоа. Особено не Тамара Тодевска, на која животот ѝе музика, а музиката живот – нешто, кое вие пријателски го препознавате кај неа, а и таа кај вас – пишува во соопштението кое продукцијата го објвави во нивно и во име на Тамара.

Тамара Тодевска го освои второто место со песната „Брод што тоне“.

 

14.11.2014 - 14:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега