Сообраќајот во Скопје утре ќе се поремети - еве каде нема да се вози

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре во периодот од 17 до 22 часот наулицата Иљо Војвода без број, пред објектот на Македонскиот народен театар, ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а дел од улицата ќе биде затворен за сообраќај.

 Привремениот сообраќаен режим по улицата Иљо Војвода се воведува по повод 13 Ноември и активностите за одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на нашиот град, што ќе се одвиваат во објектот на МНТ.

 

 Градот Скопје апелира до сите учесници  во сообраќајот да се придржуваат на  привремениот режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.

 

             

12.11.2014 - 14:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега