Срцето не и чукало цели 45 минути но потоа... - лекарите шокирани

После породувањето, Руби Граупера Касимиро (40) цели 45 минути била без пулс, а потоа се врати во живот. Докторите се збунети бидејќи нема никакви оштетувања на мозокот. Портпаролот на болницата "Boca Raton Regional Hospital", во која се случило сево ова на 23 септември оваа година, Томас Чикурда, изјави дека медицинската екипа се обидувала да ја оживее со електрошокови, но било залудно.

Иако без пулс била цели 45 минути, жената нема никакви оштетувања на мозокот.

-Таа спонтано оживеа, токму во моментот кога сакавме да го прогласиме времето на смртта, изјави Чикурда и додаде дека е чудо и тоа што оживела а нејзиниот мозок не е оштетен иако без кислород останала 45 минути.

12.11.2014 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега