Романтично изненадување: "Коки ми подари љубовен прстен"

 

Виолинистот Никола Јанков-Коки на оригинален начин ја изненадил сопругата Росана за нејзиниот 30. роденден. Изненадувањето започнало утрото на роденденот на Росана, кога ќерката Лара и` нацртала цртеж на кој Коки допишал "љубовно". Истиот збор е изгравиран и на прстенот што Коки, кој лани ја основа својата нова група "Тајфата", $ го подарил на сопругата, пишува Вест.

"Коки е единствен, посебен, каков што знае да биде само тој. Роденденот го прославивме на романтична вечера во 'Камник'. Сe беше скромно, едноставно и многу романтично, во негов стил. Искрено, не очекував и не сакав важност за роденденот, но тој и Лара ми го направија денот каков што не сонував дека може да ми биде", вели Росана Јанков, која е портпарол на АМСМ.

07.11.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега