ФОТО: Се самозапали пред зградата на претседателот

Денеска 38 годишна жена реши да си го одземе животот пред зградата на претседателот на Бугарија во Софија, со тоа што самата се запалила, настан кој потсети на драмата која што се случи во оваа земја минатата година. 

Кај жената биле константирани тешки изгореници, но сепак останала жива, јавуваат од болницата. Засега не е познат нејзиниот идентитет, а ниту е позната причината зошто се решила на ваков чекор. 

Просечната плата во Бугарија изнесува 400 евра, а секое петто домаќинство живее под прагот на сиромаштијата. Според неодамнешните испитувања, 69 отсто од Бугарите сметаат дека состојбата во земјата е „неподнослива“.

Во неколкуте инциденти со самозапалување во Бугарија, во периодот меѓу февруари и мај 2013 година, шест лица го загубија животот, а тоа главно го изведоа во знак на протест против политичката корупција и скапиот живот.

03.11.2014 - 18:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега