Таа беше мојот најдобар секс но никогаш повеќе не се видовме- исповед на едно момче

Девојката Сандра била токму тој секс во животот на ова момче кое одлучило неверојатното искуство да го сподели со светот.

"Сандра и јас се сретнавме на забава кај заеднички пријател. Флертувавме, и' го земав бројот и на крајот од ноќта и дадов само брз бакнеж за чао. Два дена подоцна излеговме на пијачка во бар, а потоа повторно отидовме на забава кај пријатели. Иако таа беше флертувачки настроена, јас не бев сигурен дали "тоа" ќе се случи или не. Ни беше прв состанок, како и да е... Но после третиот пијалок ме погледна директно во очи и ме праша дали сакам да си одиме од забавата.

 Седнавме кај мене на кауч и страста започна да расте. Повторно ме погледна длабоко во очи и ми кажа "Ова ќе биде забавно", потоа стана, ме фати за рака и ме повлече кон спалната соба. Бевме голи за неколку секунди.

Сандра е балерина и навистина се потруди да ми долови колку е флексибилна. Покрај целата флексибилност таа воопшто не си ги потиснуваше желбите. Знаеше точно што сака и не се срамеше тоа да ми го каже. Ништо не е пожешко кога жената си го бара она што сака во кревет и целосно се впушта во акцијата."

Дали можете и вие останатите да бидете вакви: "Можеби не сте балерини сите но има лекција која можете да ја извлечете од оваа приказна. Работата која го возбудила Дан најмногу бил фактот дека таа му дала до знаење дека го сака тоа исто колку и тој и не се срамела да побара да биде задоволена на начин на кој што сака. Со други зборови, не треба да се срамите доколку веќе сте во кревет. Да поканите маж да направи нешто што би ве задоволило е огромен плус и нешто што навистина ги "пали", така што нема потреба од срамежливост."

Последниците: Дан и Сандра никогаш повторно не се виделе. Дан се обидел да ја контактира, но таа едноставно не била заинтересирана за ништо сериозно. Впрочем била прилично отворена и искрена со него објаснувајќи му дека сексот бил одличен но тој едноставно не е човекот за неа. Но не се грижете за Дан, тој не се кае. 

Извор: Точка

21.10.2014 - 15:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега