Ја закопал марихуаната во земја во двор од туѓа викендица, приведен гевгеличанец

 


Вчера во 18.10 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода З.Л.(41) од село Миравци.

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во викенд куќа која ја користел З.Л. во близина на село Габровци, гевгелиско, при што во дворното место биле пронајдени повеќе предмети со остатоци од марихуана, од кои дел биле закопани во земја.

Во врска со настанот, во Полициската станица Гевгелија бил извршен и службен разговор со сопственикот на викенд куќата.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, против З.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.

07.05.2025 - 15:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега