Бора Чорба едвај оди

Едвај оди популарниот фронтмен на култната Рибља Чорба, Бора Ѓорѓевиќ. Минстата недела тој доживеал шок кога му се одземале нозете по што завршил во болница.

Бора имал проблеми со долниот дел од половината, затоа што му бил приклештен нерв, па поради тоа имал неподносливи болки поради кои бил хоспитализиран.

Веднаш го повикал својот менаџер Гане Пецикоза, кој го одвел во болница каде му е дијагностицирана ишијалгија по штодобил инјекции и таблети против болки, со задолжителна терапија која подразбира масажа со ултразвук.

- Не знам како дојде до ова, само ме зболе во грбот и нозете. Трпам ужасни болки, но се надевам дека со помош на терапија и инјекции се брзо ќе мипомине, изјавил тој за „Скандал“.

21.10.2014 - 14:00


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега