Тајзи со прв солистички концерт - билетите пуштени во продажба

Во сабота на 29 ноември, Тајзи ќе одржи прв солистички концерт во Универзалната сала- Скопје. Билети за концертот од денес се пуштени во продажба по промотивна цена од 200 денари до крај на овој месец, а од месец ноември истата ќе чини 250 денари. На врата, билетите ќе се продаваат по цена од 300 денари.

Тајзи со бенд, во живо, ќе ги испее сите негови хитови од албумот „Нешто поинакво”, а на концертот ќе има и интересни гости со кој тој соработува некое време.

Билетите се во ограничен број и  може да се набават во продажната мрежа на МКTickets.

21.10.2014 - 12:28


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега