Детенце го посети гробот на својот татко и доби писмо од рајот- ова е најемотивното нешто што сте го виделе

Малиот Џино Валенте долго ќе го памети денот кога го посетил гробот на својот татко. Тој починал во 2010 година, кога Џино имал само 3 години, па затоа решил заедно со неговата мајка да му оддаде почит за Денот на татковците.

Во видеото кое го снимила мајката на Џино се гледа како тој остава писмо со порака „Тато, ти си најдобар!“ Во тој момент под каменот со облик на срце, пронашол бел лист посветен на него.

Мајката го праша што пронајде, а момчето започна да чита.

Несвесен дека писмото го напишала неговата мајка, малиот Џино одговара дека тоа е писмо од рајот.

„Поздрав Џино,

Ти благодарам што дојде да ме посетиш. Знам дека не се сеќаваш добро на мене затоа што заминат кога имаше само 3 години. Сепак, јас гледам сè, и тебе и Софи, и баба и дедо и вујна Лаура.

Иако ти мене не ме гледаш, знам дека добро ти оди на училиште. Се пресели и мислам дека тоа беше одлична одлука.

Слушам и кога кажуваш неубави зборови. Знаеш, понекогаш е во ред да бидеш лут, но те молам не користи такви зборови. Не се убави за слушање.

Би сакал да дојдам и да те видам, но кога еднаш ќе пристигнеме на небото, не ни дозволуваат да го напуштиме. Затоа скришно ти го доставив ова писмо.

Многу ми недостасуваш.

Се надевам дека знаеш колку те сакам. Секогаш сум до тебе, те гледам и слушам, немој да се грижиш. Бакни ги баба и дедо и вујна Лаура за мене.

Со љубов, твојот татко.“

Извор: Црно Бело

20.10.2014 - 18:36


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега