Шокантно: Мумифициран труп пронајден покрај патот

Еден загрепчанец се преплашил вчера откако видел мумифициран труп додека шетал низ загребската Чулинечка цеста.

За страотната глетка шокираниот маж ја известил полицијата.

На местото на настанот дошла увидна екипа. Со оглед на тоа дека безживотното тело на непознатото лице било мумифицирано, околностите кои довеле до смртта како и полот на телото ќе се откријат со обдукцијата.

Трупот е пренесен во Заводот за судска медицина каде ќе биде извршена обдукција како и обид да се идентификува лицето и како загинало и кога настапила смртта.

Додека не се направи обдукција останува непознато дали лицето е жртва на кривично дело убиство или пак во прашање е самоубиство или несреќен случај.

 

 

10.10.2014 - 22:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега