ВИДЕО: Повеќе не е Србинка без лице- погледнете како изгледа Дана по операциите

28- годишната Дана Вулин на која пред две и пол години и изгореа две третини од телото, вклучително и лицето,  на австралискиот Канал 7, ја извади маската која ја носеше 2.5 години и го покажа лицето пред јавноста.

 

Дана Вулин беше жива запалена од љубоморната Наталија Димитровска (30), од Македонија, која влезе во нејзиниот стан и ја запали со метил алкохол под сомнение дека Дана има афера со нејзиниот сопруг. Димитровска беше фатена во обид да избега во Македонија и доби затворска казна од 17 години за нанесување тешки телесни повреди.

На Дана Вулин ѝ беа извршени 30 операции, а во меѓувреме ѝ беше дијагностициран рак на матката.

Операцијата помина успешно и сега Дана вели дека „не постои ништо што ќе ја спречи повторно да го живее животот“.

Таа конечно го покажа лицето/ а видеото можете да го погледнете ТУКА

 

06.10.2014 - 14:32


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега