„Мојата ќерка гние во земја, а убиецот е на слобода" - потресна исповед

Од свирепото убиство Милица Бараши (16) од Суботица, која е погребана во Сомбор утре ќе се навршат четири години, но убиецот  се уште слободно шета на улиците.

Светлана Симендиќ, мајка на убиеното девојче на кое на 7. октомври во 21.15  часот непознат маж и го пресече вратот во блзината на куќата, вели дека се повеќе и се губи надежта за пронаоѓањето на убиецот.

- Морам да издржам, мојата Милица би сакала да бидам јака, само тоа ми дава сила. Ми помагаат лековите и не се давам, но надежта ја губам за пронаоѓањето на убиецот, рекла очајната мајка на 16-годишпната Милица.

Несреќното девојче живеело со мајката, бабата и дедото. Неколку години пред трагедијата семејството се доселило од Сомбор. По убиството на Милица, почина и нејзиниот дедо, па Светлана со нејзината мајка се обидува да ја продаде куќата за да се обидат да ги заборават лошите спомени.

06.10.2014 - 13:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега