Дрска кражба во Скопје: Не сакале да платат билет , па ги ограбиле гостите

Синоќа во 23 часот и 15 минути во Скопје на ул. „Казанџиска“, неколку непознати лица извршиле тешка кражба на особено дрзок начин над лицата С.Р. (36)при што му одзеле ташна во која имало 1.750 евра во разни апоени, и З.Н.(23)  двајцата од с.Батинци, скопско, на кој му одзеле ташна во која имало 1.000 евра, 12.000 денари, патна исправа и клучеви од патничко моторно возило.

Кражбата е извршена на тој начин што повеќе лица, од кои половина влегле во кафе барот кој се наоѓал на споменатата улица, а останатите кои останале надвор не сакале да платат карта за влез во барот и физички ги нападнале оштетените, им ги одзеле ташните и го напуштиле местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

05.10.2014 - 12:04

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега