Хаос на скопските улици - санкционирани 1.133 возачи поради направени прекршоци

СВР Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.133 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Кај 41 возач, соопшти МВР, е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 82 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 51 возач, кај 23 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 70 возачи  управувале возила со над дозволената брзина, и 49 возачи  управувале возило со над 90 километри на час во населено место.

Исто така, изречени се 39 прекршоци за некористење сигурносен појас, 56 прекршоци за зборување на мобилен телефон, 33 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 480 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање првенство на минување на пешаци изречени се 17 прекршоци, за непрописно престројување изречени се седум прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 35  прекршоци, за непрописно престигнување изречени се седум прекршоци, а кај шест возила е утврдена техничка неисправност, додека, пак, со пајак возило подигнати се 344 возила.

СВР Скопје и натаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат незгодите, стои во соопштението. 

05.10.2014 - 11:55

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега