Уште тројца отруени од печурки
Тројца нови пациенти од денеска се на Клиниката за токсикологија со симптоми на труење од печурки и за среќа се наоѓаат во стабила состојба, пишува Канал 5. Докторите уште еднаш апелираат да не се берат и јадат печурки, а посебно да внимаваат и оние кои сметаат дека се познавачи на печурките.
На Токсикологија таткото и синот од Прилеп се уште се на интензивна нега и во лоша здравствена состојба. Тие вчера со тешка клиничка слика биле примени на Клиникатам два дена откако ги консумирале отровните печурки.
04.10.2014 - 15:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа