Кочанчанец заврши во болница - еве зошто
Вчера околу 18,00 часот во Кочани на ул.„Страшо Пинџур“ 38- годишниот З.З. со тупаници го удрил во пределот на лицето 59- годишниот Љ.К. од Кочани, по што паднал на ивицата од тротоарот и се здобил со повреди на главата. Љ.К е пренесен во Здравствен дом Кочани за укажување лекарска помош, а поради сериозноста на повредите е пренесен на Клиника за ееурологија на Клиничкиот центар во Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
04.10.2014 - 14:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа