Балканот јаде странско ѓубре увезено од 135 земји

Минатата година Хрватска увезла храна од 125 земји, воглавно станува збор за развиените европски земји?

Со оглед на тоа дека Хрватска нема ниту еден метар плодна земја, нема луѓе кои би ја одгледувале храната, а не се подготвени ниту од блиските соседи да увезуваат, оваа земја се одлучила да увезува храна ни повеќе ни помалку од речиси 70% од светските држави.

Сета таа храна не е подложна на анализи (доколку државните инспекции воопшто знаат како да направат анализа на ГМО храна) ниту пал има пари за такви анализи. Значи храната која ја јадат Хрватите е здравствено исправна, но прашање е дали е и генетски исправна?!

Каде најголемиот дел од ГМО културите се одгледуваат?

Во првите десет земји кои одгледуваат ГМО храна, имаат зголемено повеќе од 1.000.000 хектари во 2011 година: САД (69 милиони хектари), Канада (10.400.000), Кина (3.900.000) Парагвај (2,800.000), Пакистан (2,600.000) Јужна Африка (2,300.000) и Уругвај (1,300.000)

Бразил на пример драстично ги прошири своите ГМО посеви. Во сезоната 2010-2011, повеќе од три четвртини од земјата која се користи за садење на соја, засадено е ГМО семе соја, а со тоа е предвидено и пораст за 13% во сезоната 2011/2012.

ГМО храна во Хрватска

Од слоганот за спојување на зеленото и синото, Хрватска која треба да осигура полни трпези со домашна храна, поготово во туристичката сезона, не остана ништо. Во минатото во оваа земја со години имаше еден единствен прехрамбен производ кој повеќе го извозувале отколку што го увезувале. А тоа е мармаладот!

Во првото тромесечие оваа година во плус е само извозот на пијалоци, алкохол и оцетот. Извезени се 94.054 тони пијалоци или два пати повеќе отколку лани во истиот период со житариците, кои се извзуваат повеќе од 103 тони, а се увезуваат 32 тони.

Сите останати прехрамбени производи се увезуваат во многу поголеми количини отколку што се извезуваат. Пример, лани во оваа земја се увезле преку 29.000 тони компири, а се извезувале само три.

Стоката што ја извезуваат по правило е првокласна, затоа што поинаква и не може да се продаде на европскиот пазар, но онаа која се увезува многу често и не е таква. Се увезува големо ѓубре кое ме може да се продаде па се наоѓа низ полиците на балканските супермаркети. Еве земете ги за пример јаболките. На декларацијата не пишува од каде се берени.

Хрватска увезува јаболку од ладилници, стари година дена, чија хранлива вредност е нула, немаат вкус ниту мирис. А оние кои ги извезуваат мораат да бидат сочни и во истиот момент берени.

Погледнете го само смрзнатото месо. На него има рок на траење но не пишува кога животното е заклано. Се што е постаро од шест месеци и што не може да се продаде во развиените земји на ЕУ ќе ги најдете на полиците на балканските маркети. Тоа не е отровно, но секако не е ниту свежи ниту здраво“, вели претседателот на Хрватската Стопанско Земјоделска Комора Матија Брлошиќ.

Во текот на годината, поради тоа што Хрватска стана членка на ЕУ, оваа земја има зголемен увоз од 240 милиони долари. Според Хрватската комора, во првите три месеци биле увезени земјоделски прехрамбени производи во вредност од 685.619.138 долари, додека извозот бил тежок 377.957.922 долари.

Месото и остатоците од финансиските производи се најголема ставка на увозот на храна. Најмногу свинско месо се извезува од Холандија (5300 тони), и Германија (2170 тони), а лани увезле дури од далечниот Бразил ви висина од 325 тони смрзнато говедско месо.

Замрзнатото месо се увезува од сите страна од соседните, Словенија, Италија, Австрија, Унгарија, преку Шпанија, Франција, Полска, Романија, Латвија, Кина, САД, Нов Зеланд, Австралија, Уругвај...

Повеќето јагниња се увезени од Македонија (501 тони) Бугарија (489 тони) и Романија (395 тони) и 17 тони замрзнато јагне пристигнува од Нов Зеланд. Пилешкото месо, исто така е увезено од целиот свет, најмногу од Унгарците, Полјаците и Словенците, и 5320 тони замрзнати кокошки кои пристигнале од далечниот Бразил.

Белгија, Франција, Италија и Холандија, од овие земји се увезуваат батаци од жаба, од Италија, Германија и Шпанија аспарагус и печурките се увезуваат од Италија и Унгарија.

Интересно е секако да се споменат конзервираните маслинки кои освен од Италија, се увезуваат и од земји каде што тие всушност и не успеваат, но овие земји имаат развиено преработувачка индустрија. Тоа се земјите како Чешка, Словачка, и Обединетото Кралство.

Минатата година Хрватска увезувала храна од 125 земји, воглавно станува збор за развиени европски земји како што се Холандија, Данска и Германија, но има и земји од нешто подалеку како што е Виетнам, Уганда, Зимбабве, Бразил, Перу, Нов Зеланд, Обединетите Арапски Емирати, Австралија.

Од Бразил се увезува, кокос, соја, палминото масло, шеќер, гуми за џвакање, бомбони, сливи, тутун... Од Нов Зеланд се увезуваат замрзнати овци, јагниња, лигњи, мед од слива. Од Перу лигњи, грашок, грав, сардини, сипи, шеќер од шеќерна трска. Од Виетнам бибер, ориз, туна, печени бадеми, ф’стаци и ананас. Од Обединетите Арапски Емирати се увезува воглавно зачини – пиперка, цимет, кардамон, семиња, ѓумбир. Гравот се увезува од Киргиста, Перу, Уругвај, Аргентина, САД и Канада, а најмногу од Кина.

Двапати повеќе од што ги извезуваат, го увезуваат, кромидот, лукот и празот. Минатата година Хрватска увезла 17.637 тони, а извела 819 тони. Повеќето кромид бил увезен од Австрија (над 7000 тони) и Холандија (5500 тони). Белата и црвена зелка и крставици од соседна Босна и Херцеговина и Македонија.

Хрватска увезува 1800 тони лук, а главен извозник е ефтиниот лук од Кина. Иако кинескиот лук ни по вкусот ни по мирисот не е ни приплижно добар како оној од Љубитовица, како ни оној од Задар, а цената е диктирана од страна на неговиот увоз.

И лукот е како и другите видови на овошје и зеленчук. Хрватска нема доволно капацитет ни ладилници да во нив го чува родот од културите, како ни квалитетен откуп затоа што разните комерцијални лобирачи, претпочитаат евтин увоз. Хрватска извезува првокласна храна, а увезува ѓубре.

Доколку властите не сватат дека производството на храна е стратешки интерес на секоја држава,без оглед што Хрватска е членка на ЕУ, оваа земја ќе остане без производство и ќе биде зависна од ефтин увоз затоа што другата скапа и квалитетна храна Хрватите нема да можат да ја платат“, објаснува Брлошиќ.

Поразителни бројки.

686 милиони - увозот на земјоделски и прехранбени производи во првите три месеци

378 милиони - извозот во првите три месеци

29.000 тони компири - минатата година увезени

1800 тони лук увезени, најмногу Кинески

5320 тони замрзнато пилешко од Бразил

125 земји ни продаваат храна минатата година

За секој по 30 килограми странски зеленчук

Секој граѓанин во просек лани изел по 29,7 килограми увезен зеленчук и 43,5 килограми увезено овошје.

Увезените јаболки и круши ги изеле по 6,4 килограми на жител, а ги платиле околу 19,5 милиони долари или 39% повеќе него годината преходно.

 

Говедското месо го увезле до 20% повеќе во 2013 година отколку во 2012 година, преработената живина ја увезле за 23% повеќе а свинското за 27% повеќе во однос на 2012.

02.10.2014 - 19:52

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега