Ја силувале па ја убиле - еве низ што поминала Ивана

Младата Ивана Подрашчиќ од Србија која беше исчезната цели два месеци е пронајдена мртва во една напуштена куќа во Раковица. Полицијата го уапси мажот кој се сомничи за нејзиното убиство кој е многу добор познат на властите.

Ивана на 29 јули излегла од дома со дозвола од својата мајка да се забавува и оттогаш и се губи секаква трага. На мајката и рекла дека оди со друштво од Земун.

- Таа знаеше да излегува често, но секогаш се јавуваше. Никогаш не и се случи да оди некаде, а да не се јави, зборуваше нејзината мајка.

Додека пак таткото тогаш изјави дека нема време да се занимава со  изчезнувањето на Ивана.

- Ве молам, како отишла каде што отишла така и ќе си се врати. Ова не ѝ е прв пат. Јас морам да работам бидејќи имам уште три деца за гледање. Сè е во рацете на полицијата, немам сила да се борам со неа – рече тогаш таткото.

Според податоците на српските медиуми, Ивана била силувана, па убиена.

02.10.2014 - 14:44

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега