Поголемиот дел од косовските џихадисти се наркомани и криминалци

Косовскиот министер за внатрешни работи во заминување Бајрам Реџепи, коментирајќи ги апсењата во изминатите два месеца на лица осомничени за потикнување, регрутирање и испраќање косовски граѓани за Сирија, изјави дека џихадистите се потенцијална опасност за Косово.

- Јас знам за нив еден непобитен факт, а тоа е дека дел од нив се зависници од дрога. Базирајќи се на нивниот профил, најголемиот процент од нив се слабо образовани, тие се лица кои имаат криминално минато, биле вклучени во разбојништа и тешки кражби, убиства, обиди за убиства и други кривични дела, вели Реџепи.

Неофицијално, како што јави дописникот на МИА, на страната на џихадистичката група Исламска држава (ИД) војуваат најмалку 200 Косовци, а до сега бројот на убиените надминува 20. Добар дел од Косовците таму се заминати со се семејства, а некои само со деца, кои ги земале без знаење на сопругите.

Инаку, социолозите сметаат дека недостигот на можности во земјата се причина голем број млади да се приклучат кон радикалните милитантни групи.

- Една од главните причини поради кои луѓето заминуваат да војуваат таму, е економскиот фактор. Во Косово имаме 45 отсто невработеност, високо ниво на семејно насилство и масовно напуштање на училиштата. Сега тие гледаат во верата како последен чадор, оценува социологот Бардул Плаколи.

02.10.2014 - 14:50

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега