Штрајк на просветните работници во Србија

Унијата на синдикати на просветните работници на Србија денеска одржа штрајк, и според планот наставниците не го одржале првиот час во претпладневната смена во основните и средните училишта.

Досега на штрајкот се приклучија повеќе просветни работници отколку што беше очекувано, но прецизни податоци ќе можат да се соопштат кога ќе се соберат податоци на сите четири синдикати. 

Синдикатите вчера соопштија дека штрајкот го организираат поради најавеното намалување на платите во јавниот сектор и бараат просветните работници да бидат изземени од тие мерки.

02.10.2014 - 12:05

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега