Нова трагедија: Девојка падна од зграда среде преполно кафуле

Уште една трагедија ја потресе Србија. Засега непозната девојка скокна од зграда околу 12 часот во Нушиќевата улица во Белград.

Несреќната девојка скокнала низ прозорец и паднала од висина од 40 метри директно во тераса на кафуле полно се гости.

Посетителите кои седеле на терасата од кафулето скокнале и побегнале кога девојката паднала на бетонот меѓу масите на терасата.

Лекарите од Итната помош веднаш пристигнале но само констатирале смрт кај девојката.

Според очевидци, глетката била страотна, а додека траел увидот телото на девојката било покриено со чаршаф.

Засега нема информации дали се работи за самоубиство или девојката случајно паднала.

Полицијата го расветлува овој случај.

01.10.2014 - 15:00

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега