Албанските граѓани потрошиле повеќе надвор отколку странците во Албанија

Албанија во првата половина од годинава инкасирала 400 милиони евра од туристите кои ја посетуваат земјата.

Според Централна банка на Албанија станува збор за раст на приходите од оваа дејност за 37 отсто споредено со истиот период лани.

Споредено пак со парите кои албанските граѓани ги трошат за патувања надвор од земјата се забележува негативен биланс. Имено, споредено со првото полугодие од минатата и истиот период оваа година за 20 отсто се повисоки трошоците на албанските граѓани кои избрале да патуваат во некоја друга земја.

Според централна банка албанските граѓани во првото полугодие од годинава потрошиле 555 милиони евра.

 

01.10.2014 - 12:34

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега