Карачиќ: Јас не треба да бидам осуден!

Екс лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ денеска се очекува да има завршен збор во процесот на кој му се суди за геноцид за време на војната во Босна и Херцеговина. Караџиќ кој сам се брани пред Хашкиот трибунал се соочува со единаесет  обвинувања, вклучувајќи го и масакрот во Сребреница кога во јули 1995 година беа убиени над 7 илјади муслимански мажи и момчиња. Пред два дена обвинителството го заврши случајот против Караџиќ, наведувајќи дека тој бил водечка сила во кампањата на геноцид на несрпското население во Босна и дека не треба да биде осуден. Обвинителството побара максимална казна, односно доживотен затвор за Караџиќ.

01.10.2014 - 12:29

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега