„Таа постојано ме прогонуваше и ми се закануваше“ - поранешен свештеник уби жена

На судењето на поранешниот свештеник 37-годишниот Даниел Хорват за убиството на 53-годишната Весна Хаџаровиќ, денеска сведочела неговата сопруга Катерина Хорват. 

- Не сум виновен, рекол поранешниот свештеник кој е обвинет дека на 5. февруари  2014 година на подлен начин ја уби 53- годишната Весна Хаџаровиќ. Обвинителстовот го терети дека на тој ден во 8.35 часот во подземната гаража на една станбена зграда во Загреб, со чакан за месо ја нападнал жртвата во рпеделот на главата. Кога жртвата паднала на тлото легнал врз неа и почнал да ја дави.

Сопругата на поранешниот свештеник пред судот еве што кажа.

- Јас и Даниел се запознавме во 2011 година, тогаш беше се ушпте свештеник. Набрзо се венчавме и почнавме да живееме заедно.  Одеднаш се појави жена на врата која често го прогонувача му оставала писма, пораки, му ѕвонела на врата...

Со една реченица таа постојано не вознемируваше. Даниел ми рече дека веќе пет години го прпгонувала, додека бил свештеник не можел да го реши тој проблем. Се сеќавам на една ноќ дека тропаше на ѕидот од спалната соба од надворешната страна. Оваа ситуација ја трпевме со верба и молитви, рекла сопругата на Даниел.

01.10.2014 - 11:51

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега