Експлодираше автомобил среде улица - повредено едено лице

Едно лице е повредено  при експлозија на бомба од непознато потекло на една новосадска улица. Како што дознава српски Ало, експлозивната направа била сместена во автомобил со амрка „Сеат Ибица“ со новосадски таблици. 

Бомбата експлодирала околу 21 часот во моментот кога еден човек влегол во тамошната продавница каде што автомобилот бил паркиран. Неколку секунди по експлозијата од продавницата истрчале луѓе и еден од нив приметил дека пред автомобилот лежи човек. Веднаш претрчале на помош и го помериле човекот, додека пак другите наоѓале ПП апарати за да го спречат ширењето на пожарот. 

Според првичните информации, таблиците кои биле на „Сеат Ибицата“ не припаѓале на овој автомобил. Српската полиција работи на расветлување на случајот.

01.10.2014 - 09:51

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега