Континуирано усовршување на наставниците и професорите по физичко образование
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и директорката на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ денеска ќе го посетат Факултетот за физичка култура, спорт и здравје при УКИМ, каде ќе присуствуваат на практичните обуки од проектот „Континуирано усовршување на наставниците и професорите по физичко образование од основните и средните училишта“ кој има за цел да се продонесе постојан професионален развој во текот на работата на наставниците, оспособување за следење и примена на новите образовни технологии и напредување во работата на наставниците и професорите по физичко образование и спорт.
Носител на проектот е Агенцијата за млади и спорт, Министерство за образование и наука - Биро за развој на образованието и Факултет за физичка култура во Скопје, а главен покровител е Агенцијата за млади и спорт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа