Дачиќ: Во Србија има најмногу бегалци во Европа

Србија е државата со најмногу бегалци и интерно раселени лица во Европа, заради што има потреба од меѓународна помош, оцени денеска министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ на 65. заседание на Извршниот комитет на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци во Женева.

Дачиќ изјави дека во текот на конфликатот во поранешна Југославија им било дадено засолниште на повеќе од 500.000 бегалци од Хрватска и БиХ, како и на 220.000 интерно раселени лица од Косово.

-Како земја со најголем број бегалци и интерно раселени лица во долготрајното раселување во Европа, Србија добро ги разбира потребите на најзагрозените и дека тие се најмногу заинтересирани да дојде до трајни и оддржливи решенија, врз основа на Конвенциите за статусот на бегалците, наведе Дачиќ, а соопшти Министерството за надворешни работи. 

30.09.2014 - 19:59

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега