Пукано врз внукот на Патријархот на Србија

Како што пренесуваат српските медиуми, било пукано во саботата и неделата врз внукот на српскиот  патријарх Иринејм Стефан Гавриловиќ викан Гавро и тоа во заседа во близина на селото Видови кај Чачак.

Пукањето се случило кога Гавриловиќ се враќал по селскиот пат во своето ауди најнов модел со новопазарска регистрација. На патот одеднаш здогледал голема гранка, а кога излегол од автомобилот од мракот во него пукало непознато момче.

Во нападот тој не е повреден, само е изрешетано неговото возило “ауди ТТ“

30.09.2014 - 16:00

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега