Припадниците на АРМ во посета на штипскиот универзитет

 

Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Саша Митрев денеска оствари средба со генерал-мајор Методија Величковски, командант на Здружената оперативна команда во АРМ и со претставници од касарната „Јане Сандански“-Штип.

На средбата било разговарано за идната соработка меѓу универзитетот и армијата.

- Воената академија во Скопје е придружна членка на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и сите активности што ги има академијата како што се изборите во звања, научно истражувачката работа, потоа вториот циклус на студии, издавање дипломи, сите тие процедури кои што важат и за другите единки на универзитетот, значи важи и за Воената академија . Од овде и суштинската поврзаност меѓу универзитетот и Армијата, со што овде имаме простор и за подобрување на релациите и соработката, изјави Митрев.

Тој додаде дека ваквите средби се корисни и со цел да се види и слушне каков кадар на армијата и е потребен да се едуцира на Воената академија.

Командантот на ЗОК во АРМ, Величковски посочи дека денеска припадниците на АРМ на штипскиот универзитет присуствува и на предавање на тема „Предизвиците на евроинтеграциите“, а како што рече, од причини што во оваа време на светско ниво постојано се менуваат безбедносните ситуации.

На денешната средба присуствуваа и градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев и митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион.

30.09.2014 - 14:33
Фото: 
канал5

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега