Грчки пратеници бараат статуа на Александар Велики

Вкупно 24 пратеници на владејачката грчка партија Нова демократија побараа во Атина на прометно место да се постави статуа на Александар Велики, јави дописникот на МИА.

Пратениците бараат да се постави статуата што ја изработил скулпторот Јанис Папас во 1993 година и за овој чекор отворено се вели дека е поврзан со „националистичкото глорифицирање од страна на Скопје“.

Скулптурата на Папас ја купило грчкото Министерство за култура кога министерка беше Дора Бакојани, и и била доделена на Општината на Атина. Но, од тогаш , статуата е во магацин што ги поттикна пратениците да обвинат дека во Грција се „толерира“ небрежност и опструкција.

30.09.2014 - 14:08

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега