Србија во црно: Почина тренерот на кој му го посвети сребрениот медал

Кондициониот тренер на кошаркарската репрезентација на Србија Срѓан Сариќ почина по кусо и тешко боледување.

Српските кошаркари сребрениот медал освоен на Светското првенство во Шпанија му го посветија токму на Сариќ, кој поради болеста не можеше да биде со нив во Гранада, а потоа и во Мадрид.

Сите се сеќаваат кога селекторот на Србија Александар Ѓорѓевиќ по финалето со САД порача: За Сариќ, ова е за Сариќ, Саро те сакаме, не се предавај!.

 

30.09.2014 - 12:41

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега