Тргнала на погреб - заминала во смрт

Жена од седумдесетина години, чиј идентитет засега не е познат, излетала во понеделникот околу 9 часот од футошкото скеле во Дунав. Потрагата по неа е прекината околу 20 часот и продолжува денеска. Скелеџијата кој вчера го возел скелето вели дека вакво нешто до сега не се случило. Жената чудно се однесувала уште при самото качување, но никој не можел да претпостави што ќе се случи.

-Прозорците на нејзината кола беа отворени и кога падна во реката, исчезна под водата за две, три секунди, вели скелеџијата Живко.

Очевидци велат дека жената пред да падне со возилото во реката со некого разговарала по телефон и немала 300 динари за да го плати возењето: - Рече дека наводно оди на погреб и дека ја чекаат на другиот брег. Се однесуваше нервозно, дури и реков дека не треба да вози ако оди на погреб. Се обидов да разговарам со неа, но не сакаше да ми одговара на прашањата, вели очевидец.

Во потрагата за исчезнатата старици се вклучија нуркачи од Жандармеријата. На едно место каде Дунав е длабок 15 метри нуркачите закачиле некој поголем предмет, па на тоа место е започната детална истрага, која ќе трае до вечерните часови. 

30.09.2014 - 12:04

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега