„Извинтете што Андреј се презива Вучиќ“ - српскиот премиер по претепувањето на неговиот брат

Братот на српскиот премиер Андреј Вучиќ, кој минатата недела беше претепан на геј парадата, во својата рака држел лична карта за да се легитмира.
Тој се нашол среде полицискиот кордон бидејќи во тој момент одел кај своите родители кои живееле на 50 метри од местото каде што бил претепан.
„Имаме снимки на кои се гледа дека брат ми и обезбедувањето дадоа легитимации, но за тоа веќе нема да зборувам. Нормално дека сум објективен, а жал ми е што многу се радуваат на нечија несреќа, а човекот тоа не го заслужи. Ако ме мразите мене, не го насочувајте тоа кон моето семејство“ - рече српскиот премиер Александар Вучиќ и додаде
„Уште еднаш извинете, што Андреј се презива Вучиќ“

30.09.2014 - 11:37

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега