Не фатил спортска - ја демолирал цела обложувалница

Педесетидвегодишен маж од Бања Лука е уапсен откако ја демолирал спортската обложувалница. Тој уплатил ливче со неколку парови, а откако „паднал“, толку се налутил што земал столче и скршил пет телевизори.

Материјалната штета допрва ќе се утврдува, а лицето З.К. е пуштено на слобода. Против него сигурно ќе биде покрената пријава за нарушување на јавниот ред и мир, јавуваат босанските медиуми.

30.09.2014 - 11:17

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега