Цуклев: И со Буџетот за 2015 година економскиот раст ќе се одвива без никакво зголемување на даноците

На првото продолжение од седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледува предлог Буџетот за 2015 година пратениците и денес пордолжија со своите видувања како новиот Буџет ќе се одрази врз македонската економија и целокупното живеење.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Цуклев, во глобала ги пофали вложувањата и и инвестициите кои се предвидени со новиот буџет. Во своето излагање пред комисијата тој се осврна кон повеќе области како на пример продолжувањето со кредитирање на малите и средните претпријатија, градежништвото кое го посочи како главен генератор на економскиот раст, капиталните инвестиции во здравството, образованието, изградбата на нови мали и големи хидроцентрали, проектите во патната и железничката инфраструктура како и многу други проекти од кои бенефит ќе имаат сите граѓани во Македонија.

Цуклев најдолго се задржа во областа околу даночната политика која со години наназад се спроведува од Владата на Република Македонија, а истата се планира да продолжи и во иднина. Тој нагласи дека досега сите позитивни економски резултати беа постигнати без зголемување на даноците.

-         

Битно е да се спомене дека сите овие позитивни економски резултати беа постигнати без ниедно зголемување на даноците, без ниедно зголемување на даночното оптоварување на реалниот сектор и граѓаните, нешто што се случуваше речиси во сите држави во Европа каде што беа зголемувани даноците и каде беше кратено и од пензиите и од платите во јавниот сектор. Битно е да се спомене и ДДВ-то кое има најголем удел во даночните приходи. Имено, сите држави посегнаа кон зголемување на стапките на ДДВ додека кај нас постојано се прошируваше листата на производи со повластена даночна стапка што значеше директно намалување на стапката на ДДВ на тие производи од 18% на 5%, рече пратеникот Цуклев.

 

Во својот говор,Цуклев исто така на кратко се осврна и на гевгелискиот регион од каде што доаѓа за кој кажа дека со новиот Буџет за 2015 година се планира значаен инвестициски бум во Гевгелија и околните општини како Богданци и Дојран.

26.09.2014 - 15:02

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега