Денови на кочански ориз 2014

 

Со изборот на жетварската убавица за 2014 година, почна 23. стопанско-културна манифестација „Денови на кочанскиопт ориз“ што ја организира Општина Кочани.

За жетварска убавица е избрана Јулија Крстева, а придружнички се Симона Георгиева и Виолета Димитрова. Тие на 5-ти октомври на оризовите полиња во село Мојанци ќе го зажнејат оризовиот клас со срп и ќе ја означат годинешната жетва на оризот во Кочанско.

- Годинава ќе понудиме богата содржина од ликовни изложби, театарски престави, концерти на народна музика. Ќе продолжи соработката со турската агенција ТИКА, Институтот за ориз од Кочани и Министерството за земјоделество, шумарство и водостопанство за експериментално производство на турски сорти ориз, истакна градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски.

Во рамки на манифестацијата синоќа настапија народниот оркестар при ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип и Етно групата „Макамистанбул“ од Турција со македонска и турска народна музика.
             
„Денови на кочанскиот ориз“ е финансиски поддржана од Општината со три милиони денари сопствени средства.

20.09.2014 - 14:52


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега