ВНИМАВАЈТЕ: Опасен вирус се шири на Facebook
Доаѓањето на новиот ајФон отвори пат на хакерите да направат нови малвери. Имено, веднаш се појавија две нови измами на Фејсбук: во една добивате на подарок iPhone 6, а во друга ве повикуват да гледате гнасно видео, јави Abc7chicago.
Значи, ако налетате на молба да лајкнете некоја страница, пополните анкета и да го споделите тоа, затоа што после тоа ќе добиете светлуцав iPhone - не наседнувајте.
Втората измама вклучува видео, кое ве повикуват да видите како мажот ја отсекува главата на својата жена, затоа што бакнала друг. Доколку „налетате“ на вакво или слично видео, не кликајте, затоа што вирусот прво ќе бара од вас да инсталирате plug-in, кој ќе ви го зарази компјутерот.
Веќе четири илјади луѓе наседнаа на овие измами. Немојте да бидете 4001 жртва
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа