Запознајте го Гоце - Македонец со Даунов синдром кој гори од желба да стане актер

Триесетгодишниот штипјанец Гоце е се друго само не обичен. Тој е можеби единственото момче со Даунов синдром во Македонија, кој пројавува значителен интерес кон театарот и филмот. Момчето досега има играно во неколку аматерски претстави во штипскиот театар: „Роберто Цуко“, „Грди зборови“, „Монодрама до доцните часови“, „Вистински лаги“... 

Гоце кој што живее заедно со родителите Добре и Благородна Маринковски, чија пасија му е културата и најголема желба да работи како актер раскажува за својот работен досегашен животен век.

„ Сум играл повеќе мали улоги во претставите на режисерот Симеон Гаврилов, а сум рецитирал и поезија во Домот на културата во Штип. Учествував и во еден краткометражен филм, кој се вика „Најдолгите 20 секунди“ - вели Гоце. 

Повеќе прочитајте во Нова Македонија

15.09.2014 - 18:34


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега