Уште првиот ден „бум" со „Ало Докторе"

Линијата 15 123 вжештена уште од самиот почеток со работата. Од 8 до 11:30 часот биле регистрирани 100 јавувања на граѓани. Повиците биле за различни здравствени состојби и симптоми.

При промоцијата на центарот, министерот за здравство најави дека на телефонските јавувања ќе одговараат 13 специјалисти од кои двајца се пензионери. По една смена, односно од 18 до 22 часот ќе дежураат и 39 директори на клиники и скопските здравствени установи.

Денеска прв на смена е директорот на Клиниката за гастроентерохепатологија.

15.09.2014 - 15:33


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега