Албански терористи сакаат да го убијат папата во Тирана?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Албанските терористи од Косово, членови на Исламска држава, планираат да го убијат папата Франциск при неговата посена на Албанија на 21. септември.

Овие застрашувачки наоди ги обелоденија членови на израелската разузнавачка служба МОСАД, а според пишувањата на италијанскиот весник Кориере дела сера, албанската влада и нејзината разузнавачка служба лично го алрмирале Интерпол.

Израелските разузнавачи ги алармираа сите безбедносни агенции, вклучувајќи ги и италијанските, дека присуството на екстремисти на албанска територија во последно време значајно зголемено.

- Ставувањата постојат поради стотиците косовски Албанци, ветерани од војната против Србија, кои го прифатиле исламскиот фундаментализам во тек на џихадот во Сирија и Ирак, а каде што се бореле со екстремистите од Исламска држава, пишува кориере дела сера и додава дека преку нив водачите на ИД најверојатно го одредиле папата како најважна мета. 






13.09.2014 - 11:49


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега