Повик до такси возачите- бесплатно да посетуваат обука за англиски јазик
Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС минатата недела објавија јавен повик за пријавување на такси возачи бесплатно да посетуваат обука за англиски јазик. Целта е да се обезбеди поквалитетен такси превоз, особено за туристите кои секојдневно ја посетуваат Македонија.
-Ова претставува олеснување за такси возачите полесно да го положат испитот по англиски јазик и да добијат сертификат кој ќе биде услов за добивање на лиценца за такси превозник од 1-ви јануари 2017 година, истакна портпаролот на Министерството Драган Симоновски кој додаде дека обуките ќе бидат бесплатни.
Условите кои треба да ги исполнуваат е да не се постари од 62 години и да се вработени како такси возачи. Огласот за пријавување трае 45 дена од денот на објавувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа