Мицкоски за евентуалното приклучување на ЛДП во владеачкото мнозинство: Секој е добредојден, вратата е отворена
Премиерот Христијан Мицкоски ја повтори подготвеноста за дијалог со сите политички партии околу уставните измени со одложено дејство. Тој истакна дека вратата е отворена за сите кои сакаат да придонесат во овој процес.
Апсолутно јас и на говорот за 23 Октомври повикав на надпартиска позиција за многу од отворените прашања коишто според нас како Влада претставуваат озбилни предизвици, рече Мицксоки.
„Така што, секој е добредојден, вратата е отворена, секој којшто ги споделува овие стравови, страв можеби е претежок збор, секој оној којшто е загрижен вратата е отворена може да ни се придружи“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски кажа дека владината коалиција е стабилна, цврста.
Речиси официјално две третини мнозинство во рамки на Парламентот. Секој којшто ги споделува и поддржува политиките на оваа Влада може да се приклучи и да ги поддржува овие политики, рече Мицкоски за евентуалното приклучување на ЛДП во владеачкото мнозинство.
„Дали официјално би биле дел од владината коалиција се уште не сум ниту разговарал во рамките на коалицијата, ниту пак во рамките на партијата. Сепак, тоа е процес којшто е потребно да добие поддршка од сите чинители, не е доволно Христијан Мицкоски што ќе каже, битно е да видиме што велат коалиционите партнери, што велат нашата внатрешна коалиција во рамките на нашата партија за да дојдеме до конечен став. Но, секоја поддршка од секој пратеник којшто ги поддржува политиките на Владата е добредојден во рамките на гласањето во Парламентот“, истакна премиерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа