Мицкоски: Нашата стратегија е јасна и цврста - нема да дозволиме уште една измама
Имаме ние јасен план, јасна стратегија. Тој план и таа стратегија ги следиме. Јас го објаснив мојот план и во Берлин, и во Брисел и на последната средба што ја имав со претседателката на ЕК со Фон дер Лајен јасен план што треба да се направи, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето за тоа дали ќе бараат од Брисел и Софија гаранции дека понатаму нема да има вета врзани за идентитетски и историски прашања.
Да, свесни сме дека поради егзибициите и авантурите на претходните политичари коишто ја ограбија Македонија на сметка на тоа да ја распродаваат и не сакате да слушнете какви се впечатоците од Брисел за тоа како тие преговарале, рече Мицкоски.
„Замислете, кога ќе слушнете од некој дипломат во Брисел којшто е Французин или Германец кога ќе ви каже јас повеќе се борев за вас отколку вашите што требаше да се борат, можете да замислите како се чувствувате. На нив, вели, им беше важно нешто друго, сега не е битно, тоа истражните органи ќе го истражат. Така што, ние мораме сега да го браниме тоа кое што они го распродадоа и ќе го браниме и ќе го одбраниме додека јас сум претседател на оваа држава. Ако имаат некое име кое што е подобро, попаметно, план како тоа се’ да биде нека дојдат нека кажат. Додека јас сум претседател ова е нашата прва, цврста, одбранбена линија. Тука сме. Ќе направиме потег само во моментот кога јасно ќе го видиме крајот. Без јасно да го видиме крајот нема ништо да направиме, истакна премиерот.
Мицкоски рече дека 2018 овој народ, граѓаните ја направија најголема жртва како што ниту еден народ, ниту една држава која што е членка не ја направила, а тоа го промени уставното име на начин на којшто сите знаеме како се случи.
„Нема сега да навлегувам, имаме сведочења, коментираа итн. Тогаш истите тие не убедуваа само уште ова да се случи и бидејќи сте најнапред во регионот за 4-5 години ќе бидете дел од ЕУ. Тие четири-пет години завршија минатата година. Една година потоа, видете, ние уште разговараме кога ќе почнеме да преговараме. Ве молам, не смееме, сите мораме да се обединиме. Ќе бараат меко ткиво за да не тука пресечат, мораме да се обединиме. Ако сакаме да успееме сите да бидеме како едно и вие медиумите, и јавноста, и политичките партии ако сакаме грешката на овие од претходно да ја исправиме, во спротивно верувајте – ние ќе се бориме, ќе биде потешка задачата нема тука дилема и ќе се избориме. Ама зошто сите заедно да не се обединиме и да се избориме сите заедно за тоа што е наша стратешка цел да бидеме дел од тоа семејство, нешто што го заслуживме многу порано“, посочи Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа