Мицкоски: Не сме ниту Бујар Османи, ниту Маричиќ, ниту Ковачевски да бидеме лековерни, наивни и да им веруваме на интересите на трети страни
Критикувајќи ги претходните власти за авантуристички чекори, премиерот Мицкоски нагласи дека нема да дозволи уште една грешка со уставните измени. Тој јасно стави до знаење дека нема да се спроведат измени без сигурни гаранции од Бугарија.
– Тоа би било наивно да го направиме, одговори премиерот Христијан Мицкоски .
Сепак мислам дека имате сигурно повисоко мислење за оваа Влада, рече Мицкоски.
„Таков потег унилатерален би значел целосно загрозување и на онака загрозените поради авантурите од претходната влада евроинтеграции на Македонија како држава. Се разбира дека треба да се добие каков било сигнал за да можеме да одиме чекор напред. Сигурно нема да влеземе во каква било авантура. Инаку, ние можевме многу порано тоа да го направиме ако бевме почетници во оваа работа“, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека не се ниту Бујар Османи, ниту Маричиќ, ниту Ковачевски да бидеме лековерни, наивни и да им веруваме на интересите на трети страни.
„Наш интерес е македонските граѓани, државата, евроинтегративните процеси и тука стоиме во првата линија и ќе ги браниме и ќе се бориме. Така што, имајте доверба никогаш нема да го засрамиме граѓанинот без разлика на етничката, политичка или партиска или непартиска припадност. Имаме заедничка цел, а тоа е Македонија еден ден да биде дел од европското семејство“, нагласи Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа