Дачиќ утре во официјална посета на Македонија
Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ в недела и понеделник ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Во соопштението од српското МНР, што го пренесува Танјуг, се наведува дека Дачиќ во Скопје ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Шефовите на дипломатиите на двете земји, се посочува, ќе разговараат за актуелната состојба на билатералните односи и перспективите за нивно натамошно унапредување, како и за актуелните меѓународни теми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа